Во периодот од 11 до 13 септември, беше организирана креативната работилница за заедницата на сексуалните работници. На работилницата тие се запознаа со “Сѐ што некогаш сте сакале да знаете за аудио подкаст, а никогаш не сте се осмелиле да прашате”.
Сексуалните работници имаа можност сами да артикулираат и пренесат пораки, за она што ги засега. Наскоро ќе чуеме дел од она што тие сакаат да ни го пренесат.
Оваа работилница е во рамки на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните”, кој го спроведуваат ФООМ, ХОПС, и Станица П.Е.Т., а е финансиран од Европската Унија.