Граѓанско право
- ФИЗИЧКО ЛИЦЕ станува секое лице од моментот на раѓањето па се до смртта. За да постои физичко лице како субјект на правото суштеството мора да исполнува два предуслови да е живородено и да има човечки облик. Физичкото лице е секое суштество на кое правото му признава правни задолженија и правни овластувања.
- ПРАВНАТА СПОСОБНОСТ е единствена и неделива значи таа не може да се намалува или пак ограничува. Во современиот свет, правната способност не е ограничена ниту од полот, расната, верската или која било друга припадност. Да се намалува може деловната способност на физичкото лице, но не и правната. Правната способност е способноста на физичкото лице како субјект на правото, да биде носител на правни овластувања.
- ДЕЛОВНАТА СПОСОБНОСТ е способноста на физичкото лице како субјект на правото да може самостојно со свои дејствија да учествува во правниот сообраќај, да создава или укинува правни односи.
- ЖИВЕАЛИШТЕ е местото каде лицето живее постојано
- ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ е местото во кое лицето се наоѓа привремено
- ДРЖАВЈАНСТВО е припадноста на лицето кон една држава
- ПРАВНО ЛИЦЕ претставува колектив на физички лица кои се здружуваат заради постигање на одредена цел и на кои согласно правото им е признаено својството на правен субјект
- РОК е временски услов од кој зависи преземањето на одредени дејствија.
- ТУЖБА претставува документ со кој едно лице се обраќа до судот заради заштита на одредено право кое смета дека му е повредено од друго лице
- ЗАСТАРЕНОСТ е губење на права по истекот на одреден временски период
- ЗАСТАПУВАЊЕ е вршење на правни дејствија во туѓо име и за туѓа сметка врз основа на претходно дадено овластување.