Во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ во периодот од 21 до 22 јуни во хотел Манастир во Берово се одржа обука за претставници на ГОи и бранители на човеови права кои работат во заедницаата. На обуката присуствуваа 25 учесници од 7 ГОи кои обезбедуваат правна и параправна помош за ранливи групи граѓани. Целта на обуката беше зајакнување на вештините и знаењата на учесниците при мобилизација на заедницата со цел самите да препознаат прекршување на човековите права и да знаат каде да се обратат кога истите се прекршени.
Фокусот на обуката беше на концептите на социјална отчетност, правно зајакнување, мониторинг и мобилизација на заедницата. Преку практични примери и работа во групи овие концепти беа доближени до учесниците со цел нивна примена во секојдневната работа.
Обуката е организирана во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т., а финансиски е поддржан од Европската Унија.