На 14 септември, во Цреша бар во Скопје, се одржа последната обука од циклусот обуки за параправници, преку проектот Пристап до правда за најмаргинализираните. Оваа обука се фокусираше на препознавање и заштита на новите форми на родово базирано насилство (РБН), кои беа новини од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Се зборување за новите форми но и проширените надлежности на институциите, од апсект на заштита од РБН. Првиот дел од обуката го спроведуваше Хајди Штерјова Симоновиќ, адвокатка и извршна директорка на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
![](https://www.pravnozajakni.mk/wp-content/uploads/2021/10/IMG_20210914_114836-1024x472.jpg)
Вториот дел од обуката беше беа Медицински аспект на болести на зависности и видови лекување.Овој дел беше по барање на самите параправници, за да добијат повеќе знаења за самите болести на зависности и третманот на истите. Вториот дел на обуката го одржа Др Дарко Костовски, Психијатар во Клиниката 8ми Септември, долгогодишен соработни на ХОПС – Опции за здрав живот и еден од основачите на организацијата.
![](https://www.pravnozajakni.mk/wp-content/uploads/2021/10/IMG_20210914_145524-1024x472.jpg)
Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица ПЕТ, финансиран од Европската Унија.