Правдата мора да патува, за да стигне поблиску до сите!Во периодот 20 – 26 јули се одржа едукативен караван Правдата не е привилегија, кој во текот на 5 работни дена посети 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде со граѓаните се разговараше за предизвиците во остварувањето на нивните права од социјална заштита, земјоделска дејност, работни односи, лична документација и др. Со активноста беа опфатени околу 360 граѓани од наведените општини.
![](https://www.pravnozajakni.mk/wp-content/uploads/2021/09/219797928_829809584329614_7187256243119855708_n.jpg)
![](https://www.pravnozajakni.mk/wp-content/uploads/2021/09/230948291_1663100767213717_4081188668048255727_n.jpg)
*Активноста е дел од проектот Пристап до правда за најмаргинализираните кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија , ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т., финансиран од Европската Унија.